Линкови за пристапност

Факти: Како инспекторите за хемиско оружје ја извршуваат работата


Инспекторите од Организацијата за забрана на хемиско оружје се во Сирија и треба да собeрат примероци од Дума, локација каде се случи неодамнешниот наводен напад со хемиско оружје.

Освен примероците од почвата и крв од жртвите, тие ќе се обидат да откријат и други информации за да утврдат дали имало или немало напад.

Кои се целите и предизвиците со кои ќе се соочат меѓународните истражители?

Примероци

Врвен приоритет ќе биде собирањето на примероци од средината и крв од жртвите. Примероците ќе бидат вратени во лабораторијата на Организацијата во Холандија, каде ќе бидат тестирани. Вообичаено примероците се делат на четири дела, и се испраќаат до независни лаборатории. Организацијата за забрана на хемиско оружје во истражувањето соработува и со Светската здравствена организација.

Докази

Додека да се соберат примероците во Дума, ќе помине една недела од наводниот напад. Тоа значи собирањето на податоците ќе биде потешко, отколку вообичаено, каде властите пристигнуваат за само неколку часа на локацијата каде се случил инцидентот. Меѓународните истражители во Дума ќе работат на собирање на примероци од хлорин и сарин кои претходно беа користени во граѓанската војна во државата. Хлоринот брзо испарува, и вообичаено не може да биде детектиран по еден ден. Саринот може да остане присутен дури една недела. Истражителите ќе бараат канистери, ракети, и остатоци од бомби.

Сведоци

Досега имаше сведоштва за користење на т.н. буриња бомби. Ваквите бомби нашироко беа користени во граѓанската војна во Сирија. Во минатото на некои од нив имало прикачено канистери со хлорин. Ако такви направи бидат пронајдени, тоа може да биде доказ за извршен хемиски напад. Тимот исто така ќе интервјуира спасувачи, преживеани и лекари кои им помагале на жртвите за да утврдат дали имале симптоми кои се поврзуваат овие хемикалии.

Ризик по безбедноста

Борбите меѓу владините сили и бунтовниците во Дума, град во регионот Гута, источно од Дамаск прекинаа, но ризикот по безбедноста останува. Досега, инспекторите два пати наидоа на престрелки истражувајќи ги местата каде се случија нападите со хемиско оружје во Сирија.

Во 2013-та година, тие бе нападнати со снајперски оган во регионот на Источна Гута. Во 2014-та, конвој со возила во кој се наоѓаа инспекторите беше нападнат во близина на градот Кафр Зита, во провинцијата Хама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG