Кина ja задоволува зголемената побарувачка на вооружени беспилотни летала на Блискиот Исток, со нови воени капацитети за веќе напнатата безбедносна ситуација, покажува новиот извештај на Ројал Јунајтед институтот во Лондон.
Авторот на извештајот, Џастин Бронк, вели дека Пекинг поставува неколку прашања кога ја продава технологијата во странство.
„Бидејќи Соединетите Американски Држави, освен во случаите на Велика Британија и Франција, одбија да извезуваат вооружени модели од своите серии на вооружени беспилотни летала „Предатор“ и „Репаер“, Кина влегува во игра за да го пополни тој јаз. И додека нејзините понуди, како што се Wing Loong серијата или CH-4 се помалку технолошки моќни во споредба со американските производи, тие сепак се достапни за секоја држава која сака да ги купи“, рече Бронк за Гласот на Америка.
Освен тоа, кинеските дронови се многу поефтини.
Во меѓувреме, Израел, Турција и Саудиска Арабија развиваат сопствени вооружени беспилотни летала, додека Иран е меѓу регионалните сили што ја користат новата технологија за преземање на мисии кои инаку би биле премногу ризични со користење на конвенционалните авиони со екипаж, рече Бронк.
Facebook Forum