Крајот на Првата светска војна пред речиси сто години сигнализираше смрт на Отоманската империја.
Дури и пред замирањето на звукот на оружјето, Британија и Франција се согласија да ја поделат отоманската територија, вклучувајќи ги Сирија, Либан, Јордан и Палестина. Тоа е клучот за разбирање на модерниот Блиски исток, вели Мајкл Кларк, од лондонскиот Ројал јунајтед сервисис институт.
Арапскиот свет, каков што го знаеме, бил воспоставен со договор од 1916 меѓу Британците и Французите, вели тој. Оттогаш не се случило ништо стратешко, освен креацијата на Израел во 1948. И оваа година, за прв пат, вели Кларк, мапата на Блискиот исток почнува да се менува.
Тоа најмногу се чувствува во Сирија. Државата може да се фрагментира, вели Роберт Лоув од Центарот за Блискиот исток на лондонската Школа за економија.
„Рамнотежата на силите меѓу многу конкурентни елементи во моментов во моментов изгледа еднаква. Тешко е за една фракција да добие повеќе контрола. Курдите добија многу контрола во нивните градиви и сега имаат тешкотии да го одржат тоа“, вели Лоув.
Кога заврши Првата светска војна , Курдите се поделија меѓу Сирија, Турција, Иран и Ирак.
Паѓањето на Садам Хусеин во Ирак во 2003 – и курдската автономија во северен Ирак – ги засилија курдските заложби за независна држава.
Но Ирак покажа отпор, вели професорот Саад Џавад, исто така од лондонската Школа за економија:
„Прво, тие не сакаат да влезат во граѓанска војна. Мислам на тотална граѓанска војна, како онаа во Либан во седумдесетите. И втора работа е што нема навистина популарни намери за поделба на државата, дури и во ирачки Курдистан, одвоено од партиите.“
Лузните од неодамнешната либанска граѓанска војна се се` уште видливи во главниот град, Бејрут. Има стравувања дека и оваа држава исто така може да биде распарчена зашто сирискиот конфликт повторно ги поттикна либанските ривалства.
Последните месеци, десетици беа убиени во судири меѓу милитантите на Сунитите и Шиитите.
Силите ослободени со арапските востанија може да исцртаат нови граници на делови на Блискиот исток, вели Мајкл Кларк:
„Има можност за балканизација на Левант, каде ќе завршиме со серија на држави, полу-држави, спорни области, и конфликти. И тоа е за сите нас нова територија.“
Но Кларк вели дека револуциите низ Арапскиот полуостров се во рани фази и последиците може да не се знаат со години.