Линкови за пристапност

Анкета: Средната класа загрижена за пари


Финансиите, високата цена на колеџот и незадоволство од политичките и бизнис лидери се меѓу главните грижи за мнозинството од средната класа на САД.

Ново национално истражување на јавно мислење покажува дека припадниците на американската средна класа се длабоко загрижени за финансиите, фрустрирани за високата цена на колеџот и критични спрема политичките и бизнис лидерите.

Извештајот на Хартленд монитор пол вели дека речиси половина од Американците себе си се сметаат за средна класа, и помалку од една третина мисли дека САД одат во исправна насока.

Мнозинството од интервјуираните мислат дека големите финансиски институции и раководители на големите компании работите ги прават полоши за средната класа. Дури уште повеќе испитаници (две третини) мислат дека Конгресот им наштетува.

Истражувачите на јавно мислење исто така нашле дека поголем дел од луѓето ја дефинират „средната класа“ како финансиски сигурна и со постојана работа.

Многу Американци (една третина до една четвртина) сега мислат дека одмори, покачување на плата, квалитетна здравствена заштита и сигурност на работното место се единствено достапни на повисоката класа.

Истражувањето е изведено во името на магазинот Национален журнал и осигурителната компании Олстејт. Податоците доаѓаат од телефонско анкетирање на илјада возрасни и има маргина на грешка од околу три проценти.
XS
SM
MD
LG