Американскиот пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел се сретна со Министерот за одбрана на Израел Ехуд Барак, на почетокот на посетата на регионот чија цел е рестартирање на разговорите меѓу Израел и Палестинците.
Нема детали за средбата.
Мичел треба да се сретне и со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во Ерусалим, и одвоено, со палестинскиот претседател Махмуд Абас на Западниот брег.
Ова е прва посета на Мичел на регионот по средбата на американскиот претседател со Нетанјаху во Вашингтон, пред еден месец, среде големи несогласувања во американско-израелските односи.