Линкови за пристапност

Мајкрософт ќе отпушти 18.000 работници


Реструкцијата на компанијата е со цел Мајкрософт да стане конкурентна на пазарот на мобилни телефони

Една од најголемите технолошки компании во светот, Мајкрософт, со седиште во САД, вели дека планира да отпушти до 18.000 вработени во текот на следната година.

Компанијата во четврток соопшти дека намалувањето на бројот на работни места од 14 проценти, од вкупно 127.000, го прави за да се реструктуира по неодамнешното присоединување на телефонскиот бизнис од страна на финската компанија Нокиа.

Мајкрософт е најголемиот произведувач на софтвер во светот, но со преземањето на дел од бизнисот на Нокиа, сака да стане голем конкурент на пазарот на мобилни телефони во кој доминираат јужнокорејскиот Самсунг, Нокиа и Епк од САД.

Мајкрософт кажа дека отпуштањата ќе вклучат околу 12.500 професионални и фабрички работници, со тоа што кратењето на работни места главно ќе се случи до крајот на оваа година и целосно ќе се заврши до јуни 2015-та. Пред преземањето на Нокиа Мајкрософт имаше 99.000 работници, со 58.000 во САД и 41.000 во странски држави.

Реструктуирањето ќе ја чини компанијата меѓу 1.1 милијарда долари оваа и 1.6 милијарда во текот на следната година, со тоа што најголем дел од тоа ќе оди на отпремина на работниците чии работни места ќе бидат елиминирани.

XS
SM
MD
LG