Линкови за пристапност

Мицкоски за евроинтеграциите: „За танц се потребни двајца“


Дали ќе има исчекор и деблокада на процесот на евроинтеграции премиерот Мицкоски не може да предвиди но нагласува дека нема да има промена во државните позиции. За разлика од минатото сега нема контра аргументи на курсот на Владата. Уставни измени нема да има, дециден е премиерот.


СКОПЈЕ – Уставни измени ниту се планираат ниту ќе се спроведат, а ние сме подготвени да разговараме и чекаме соговорник од другата страна. Ова е ставот на премиерот Христијан Мицкоски околу деблокада на процесот на евроинтеграциите, откако во Бугарија пропадна и третиот обид за избор на спикер во Парламентот.

„Не зависи само од нас. За танцување треба двајца, некогаш можеби и повеќе. Во случајов треба да имаме соговорник. Некој кој ќе сака да разговора. Ние сме подготвени“, кажа премиерот на новинарско прашање.

Мицкоски не сакаше да прогнозира дали ќе има некаков исчекор во однос на евроинтеграциите но потенцираше дека промена на државните позиции нема да има. За разлика од минатото тој вели дека сега позицијата на државата е посилна бидејќи го нема принципот „земи или остѕави3 туку сега е „да најдеме решение“.

„Уставни измени сигурно не се планираат, не знам дали е можно да се направи некаков исчекор но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е пред сите светски авторитети. Дали ќе има некаков напредок не знам. Дали ќе има промена на нашата позиција нема да има. Нашата позиција се темели на принципи и аргументи и тоа сме го кажале досега стотина пати. Секаде ги претставуваме нашите позиции и спротивни аргументи не сме слушнале на нашите. Земете или оставете веќе не е . Сега имаме поинаква позиција. Сега позицијата е „дајте да најдеме решение“ и ние велиме „да“. Да најдеме решение. Дали ќе постигнеме напредок за месец два или шест месеци не знам. Дали ќе дадеме се од себе да“, изјави Мицкоски.

Наредниот месец, премиерот два пати ќе патува во Брисел, каде ќе се обиде да ги зајакне државните позции.

„На почетокот на декември со господинот Кошта имам тет-а-тет разговор и потоа вечера со лидерите од Западен Балкан: На крајот од декември има самит ЕУ – Западен Балкан. Ќе бидат и канцеларот Шолц и претседателот Макрон и други авторитети од Европа. Ќе се бориме, ништо нема да ни падне ако седиме со скрстени раце како што беше досега. Битно е да победуваме. Мислам дека од поразите што ги нижевме изминатите седум години, постепено излегуваме од таа летаргија и почнавме да победуваме, малку ситно но победуваме“, рече Мицкоски.

Првиот вицепремиер Изет Меџити пак, во интервју за косовски медиум, кажа дека клучен услов е внесувањето на Бугарите во Уставот а вината ја лоцираше кај претходната владејачка гарнитура.

„Прво, ни е мило што Албанија направи напредок. Второ, посакувам СевернаМакедонија наскоро да и се придружи на оваа патека. Застојот на Северна Македонија во оваа насока е резултат на лошото управување во изминатите осум години од оние кои денес се дел од опозицијата“, изјави Меџити.

Во средата, во Баку - Азербејџан, на Конференцијата за климатски промени претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев кој по средбата изјави дека покрај венсувањето на Бугарите во Уставот треба да се исполни и Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство.

XS
SM
MD
LG