Линкови за пристапност

Убиени две лица во Универзитетот на Мичиген


Според полицијата, осомничениот напаѓач е 19-годишно момче, кое се` уште не е уапсено

Машко лице пукало со огнено оружје во простории за престој на Универзитетот на Мичиген, при што загинале најмалку две лица, стои во полицискиот извештај.

Според изјавата дадена од училиштето, полицијата верува дека инцидентот почнал како „семејна расправија“, информирајќи дека загинатите не се студенти.

Осомничен напаѓач е 19-годишно момче, кое се` уште не е уапсено, и кое се смета за вооружено и опасно.

Пукањето се случило при жестока расправија околу употребата на оружје, по училишниот масакр во Флорида, минатиот месец.

Во моментов, Конгресот размислува дали да воведе построги мерки за контрола на оружјето, вклучувајќи зголемени детални проверки на минатото на лицата кои купуваат оружје, зголемување на минималната старосна граница за купување оружје, како и забрана на дополнителни додатоци за оружје, со кои полуавтоматското оружје станува автоматско.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG