Линкови за пристапност

Mишел Обама на турнеја во Африка


Првата станица е Мароко, како дел од иницијативата за промоција на образованието на девојчињата ширум светот

Американската прва дама, Мишел Обама се наоѓа во посета на Мароко, како дел од иницијативата за промоција на образованието на девојчињата во светот.

Таа беше пречекана од принцезата Лејла Салма, а е придружувана од двете ќерки Саша и Малија и нејзината мајка Маријај Робинсон.

Претходно, Мишел Обама беше во Либерија каде посети камп за девојчиња спонзориран од Мировниот корпус, а оствари средба и со претседателката Елен Џонсон Сирлиф, првата жена – претседател во Африка.

Првата дама е на шестдневна турнеја низ Африка каде ја промовира иницијативата „Овозможете им на девојчињата да учат“, фокусирајќи се на пречките како присилни бракови, сиромаштија и насилство – причина поради која преку 62 милиона девојчиња во светот да не одат на училиште.

На Обама денеска и утре се очекува да и` се придружи и актерката Мерил Стрип.

XS
SM
MD
LG