Линкови за пристапност

Мишел Обама го посети Хаити


Мишел Обама го посети Хаити
Мишел Обама го посети Хаити

Белата куќа вели дека таа ќе ја искористи посетата да се сретне со млади луѓе во Мексико и ќе има средби со ученици од основни училишта и студенти од Универзитети

Првата дама на САД пристигна во Мексико во тридневна посета со цел да ги унапреди односите меѓу соседите во хемисферата.

Сопругата на претседателот Барак Обама ќе се сретне со првата дама на Мексико Маргарита Завала де Калдерон со која ќе разговара за образованието и напредок во економијата.

Белата куќа вели дека таа ќе ја искористи посетата да се сретне со млади луѓе во Мексико и ќе има средби со ученици од основни училишта и студенти од Универзитети.

Ова е нејзино прво официјално патување во странство без нејзиниот сопруг. Првата дама треба да се врати во САД во четврток.

Мишел Обама пристигна во Мексико Сити доцна во вторник по претходно ненајавената посета на Хаити со Џил Бајден, сопруга на потпретседателот Џо Бајден. Американската администрација јави дека посетата имала цел да ја нагласи американската определба за помош на Хаити во опоравувањето и повторната изградба на земјата по земјотресот од 12-ти јануари, во кој загинаа најмалку 217.000 луѓе, а повеќе од еден милион останаа бездомни.

XS
SM
MD
LG