Линкови за пристапност

Какво минато има Мајкл Волф - авторот на книгата против Трамп?


Контроверзија, но, и низа награди, ја пратат работата на новинарот низ годините

Кој е Мајкл Волф, автор на кингата „Оган и гнев“, во која се објавени негативни коментари против претседателот Доналд Трамп, од неговиот поранешен главен стратег Стив Бенон?

Возраст: 64

Детство и младост: Волф бил роден во Њу Џерси. Неговиот татко се занимавал со маркетинг, додека мајка му била новинарка во печатен медиум. Завршил на Универзитетот Колумбија во Њујорк, и работел во печатницата на „Њујорк тајмс“, додека бил студент.

Новинар: Волф ја објавил првата книга есеи „Бели деца“ во 1979-та година. До неодамна работи како медиумски критичар и колумнист за „САД Денес“, „Холивуд репортер“, „Њујорк магазин“, и претходно за „Венети фер“ и „Њузер“. Во 2011-та година, кусо бил на чело на „АдВик магазин“, но, заминал по помалку од една година.

Автор: Во 1997-та година го објавува бестселерот (Burn Rate) за почетоците на неговата компанија Wolff New Media. Во 2004-та година објавува книга (Autumn of the Moguls) за опаѓање на моќта на големите медиуми, што се случува подоцна истата деценија. Тој најверојатно е најпознат по неговата биографија во 2009-та година, за медиумскиот могул Руперт Мурдок, со наслов „Човекот што ги поседува медиумите“ (The Man Who Owns The News).

Признанија: Волф е добитник на две Национални магазински награди, кои се доделуваат за одлични достигнувања во магазинската индустрија, како во печатена, така и во дигиталната. Една од наградите ја добива за серија колумни за Блискиот исток, на почеток на војната во Ирак во 2003-та година.

Контроверзија: Работата на Волф, и неговите теми, често повлекуват критика од неговите колеги. Пред објавување на книгата „Човекот што ги поседува медиумите“ (The Man Who Owns The News), Мурдок влегол во конфликт за неколку делови во книгата, исто како и претседателот Доналд Трамп, во неговото најново издание. Во 2004-та година, новинарката Мишел Котл, во извештајот на насловната страна на весникот „Нова република“, го коментира пишувањето на Волф, велејќи дека „дури Волф потврдува дека традиционалното известување не е нешто што тој преферира да го прави“, нагласувајќи дека „тој ја апсорбира атмосферата и трач-муабетот на разни организирани коктели, на улица, а особено за време на долги ручеци“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG