Линкови за пристапност

Новиот директор Мајкл Пек вети независно новинарство во Гласот на Америка


Тој пред две недели беше одоборен од Сенатот за директор на Агенцијата за глобални медиуми, под чија контрола се наоѓа Гласот на Америка

Мајкл Пек, новиот директор на Агенцијата за глобални медиуми, под чија контрола се наоѓа Гласот на Америка, вети услови за независно новинарство, иако се работи за владина агенција.

Пек, денес, на вработените им соопшти дека е целосно посветен на заштита на Кодексот на Гласот на Америка, како и на „независноста на херојските новинари низ целиот свет“.

Тој на оваа позиција беше номиниран од претседателот на САД Доналд Трамп пред повеќе од две години, но, Сенатот го потврди пред само две недели, поради блокада од страна на демократите.

Пек не кажа кого планира да назначи за директор на Гласот на Америка.

Тој додаде дека ќе работи на кревање на моралот на вработените во Агенцијата, и оти ќе ги истражи проблемите кои излегоа во медиумите изминативе години.

„Најважно, мојата мисија ќе биде да ја направам Агенцијата поефикасна“, рече тој.

Претходната директорка на Гласот на Америка Аманда Бенет, и нејзината заменичка Сандра Шугавара, поднесоа оставка од функцијата на почетокот на неделава.

Тие изјавија дека Пек има право на нивно место да си донесе негов тим.

Бенет и Шугавара раководеа со Гласот на Америка од 2016 година, проширувајќи ја содржината на Агенцијата, која емитува програма на 47 јазици во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG