Линкови за пристапност

Халцел: Северна Македонија е жртва на игрите на моќ во Брисел


Халцел: Северна Македонија е жртва на игрите на моќ во Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Се надевам дека во октомври државата ќе добие датум за преговори со ЕУ, вели експертот од Школата за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон

Одложувањето на датумот за преговори на Северна Македонија ќе му наштети на кредибилитетот на Европската Унија, вели Мајкл Халцел од Школата за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

„Мислам дека Северна Македонија на некој начин стана жртва на внатрешната политика на ЕУ. Некои влади почнаа да се наклонуваат на десно, некои се лути на Унијата. Источна Европа не зеде ниту една од четирите лидерските позиции во наредната Влада на ЕУ. Тоа предизвика многу гнев“, изјави тој во интервју за Гласот на Америка.

Халцел вели дека државата е жртва на игрите на моќ во Брисел, но, според него, добра вест е што сепак повеќето држави се согласуваат со отварањето преговори.

„Само две држави досега, Холандија и Франција, ја блокираа Северна Македонија. 27 или 28 држави, зависно што ќе се случи со Брегзит, мислам дека нема да треба многу за да се убедат. Германската канцеларка Ангела Меркел, која се` уште е највлијателен лидер во Европа, излезе со силна поддршка за Северна Македонија“, рече Халцел.

Тој очекува во октомври државата да добие датум за преговори. На прашањето дали треба да оди во пакет со Албанија, рече не.

„Мислам дека секоја држава треба да биде оценува индивидуално, според она што го има исполнето. Се надевам дека и Севрна Македонија и Албанија ќе можат да ги почнат преговорите во октомври. Но, ако Албанија не е подготвена, а проценката е дека Северна Македонија е подготвена, тогаш таа треба да ги почне преговорите“, смета тој.

Вели дека САД остануваат голем пријател на државата, а очекува поддршката да ја покаже и Сенатот, кој допрва треба да гласа за НАТО Протоколот.

„Испративме еден од нашите најдобри диполамати Кејт Брнс да биде нов амбасадор на Северна Македонија. Тоа е знак за голема поддршка. Државата има многу пријатели во Конгресот. Не е важно дали Сенатот ќе гласа за Пртоколот за влез во НАТО во декември 2019 или февруари 2020. Важно е да се заврши. Очекувам дека ќе биде со максимално мнозинство“, убеден е Халцел.

Вели дека Русија и натаму ќе има влијание, независно од евроинтегративниот процес на државата.

„Русија ќе се обидува да влијае независно што и да се случи. Таа не е многу добра во создавање нешто, но, затоа е многу добра во уништување“, нагласува тој.

Смета и дека новиот премиер на Грција Кирјакос Мицотакис ќе го почитува договорот од Преспа, заради заштита на меѓународниот имиџ на неговата држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG