Линкови за пристапност

Карпентер: Дали ФИРОМ е подобро име од Северна Македонија?


Карпентер: Изборите може да ве вратат во политички ќорсокак
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

Друга алтернатива на Договорот со Грција ќе може да преговараат евентуално следните генерации, вели директорот на Центарот Пен Бајден во Вашингтон

Ако не се обезбеди двотретинско мнозинство за Договорот со Грција, ќе се случи политичка борба што ќе ја врати Македонија назад во хаос во каков што беше претходно, вели Мајкл Карпентер од Центарот Пен Бајден во Вашингтон.

„Мислам дека подобра алтернатива за Договорот за името нема. За жал или го прифаќате или го одбивате. Има и добри и лоши страни, но, и алтернативата би била со добри и лоши страни. Македонците треба да одлучат сега, бидејќи некаков нов договор би можел да договараат дури нивните внуци“, вели тој.

Карпентер се сомнева оти можни предвремени избори ќе ја сменат ситуацијата, со оглед на поделеноста во општеството.

„Проблемот е во тоа што во општество како Македонија изборите веројатно ќе донесат слични резултати. Не можам да замислам дека ќе се постигне мнозинство. Во таква ситуација државата ќе се врати на почеток, што ќе биде одличен рецепт за нова блокада“, смета Карпентер

А тоа, вели тој, би било шанса за странските актери, како Русија, да плаќаат групи да протестираат против промена на името и да се мешаат во внатрешните работи, со цел да предизвикаат дестабилизација во државата и регионот.

„Дали ФИРОМ е навистина подобро име од Северна Македонија? До Македонците е да одлучат, но, за мене компромисот е практичен и не ги повредува ниту Грција ниту Македонија“, рече тој.

Карпентер нагласува дека национализмот е балканска политика која трае со векови не само во Македонија, туку и во Србија, Босна, Албанија и во целиот регион, но, Македонците сега треба да застанат и да разлислат за шансата која се јавува еднаш во генерација.

Прашањето, е додава тој, дали граѓаните ќе одберат иднина каква што имаа изминативе години, или европска перспектива која ќе донесе инвестиции, стабилност и помирување со соседите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG