Од експлозија на популарниот пазар за огномети во близина на Мексико Сити, загина најмалку 31 лице, а 70-тина се повредени.
Пазарот Сан Паблито бил преполн со купувачи кои се снабдувале со пиротехнички средства за божиќните и новогодишните празници.
Спасувачките екипи морале да чекаат неколку часа за да стивнат експлозиите, за да можат да помогнат на жртвите.
Мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието, на неговиот профил на Твитер изрази сочувство до семејствата на жртвите, и им посака брз опоравок на повредените.
Експлозии и пожари на истиот пазар имаше и во 2005-та и во 2006-та година, при што беа уништени бројни тезги.