Линкови за пристапност

Северноамериканските лидери се среќаваат во Мексико


Американски, канадски и мексикански лидери одржуваат самит во среда, со главна точка на агендата – трговскиот пакт меѓу државите на пацифичкиот раб.

Американскиот претседател Барак Обама и канадскиот премиер Стивен Харпер се среќаваат со мексиканскиот претседател Енрико Пена Нието во владиниот комплекс во Толука, Мексико, на самитот на лидерите на Северна Америка.

Дваесет години откако државите се согласија на северноамериканскиот договор за слободна трговија, економиите на трите држави се често поврзани. Но тие се соочуваат со нови тешкотии во постигнување единствен фронт во преговорите да го комплетираат Транс-пацифичкото партнерство на 12 нации, главно заради политичката загриженост со која Обама се соочува во Вашингтон.

Тројцата лидери се очекува исто така да дискутираат и за енергијата, безбедноста и прашања од областа на имиграцијата, со тоа што, повторно, американските политички поделби ја лимитираат способноста на Обама да постигне договор со северноамериканските колеги.
XS
SM
MD
LG