Линкови за пристапност

Трамп бара финансирање на ѕидот со Мексико, демократите против


Во тек се преговори на Белата куќа со законодавците во Конгресот, со цел да се спречи делумно владино затворање на крајот неделава

Претседателот на САД Доналд Трамп, се соочува со блокада од демократите во обидот за изградба на ѕид на границата со Мексико, со цел да ја спречи илегалната имиграција, нагласувајќи дека пресметките за трошоците се претерани.

Финансирањето на контроверзниот ѕид е главна тема на разговорите на Белата куќа со законодавците, со цел да се спречи делумно владино затворање на крајот на оваа недела.

Трамп инсистира почетното финасирање на ѕидот, кое што беше негово главно ветување во претседателската кампања, да биде вклучено во буџетот до крајот на септември, но, демократите цврсто стојат против неговата изградба.

Американската влада останува без оперативни средства во петок на полноќ, давајќи им на мнозинството републиканци во Конгресот, како и на малцинството демократи, само неколку дена да постигнат компромис со Белата куќа.

„Демократите не сакаат буџетски пари да одат за изградба на ѕидот, покрај фактот што со него ќе се спречи трговија со дрога“, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.

Но, лидерката на малцинството во Претставничкиот дом Ненси Пелоси, рече дека демократите не поддржуваат изградба на ѕид, и оти републиканците во пограничните сојузни држави исто така не ја поддржуваат изградбата.

Пресметките за изградба на контроверзниот ѕид варираат, но, првичниот извештај на Одделот за домашна безбедност предвиде трошоци во висина од 21,6 милијарда долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG