Линкови за пристапност

Најмалку шест жртви од невремето во Тексас и Оклахома


Поплави во Тексас и Оклахома
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00

Поплави во Тексас и Оклахома

Во делови на градот Хјустон паднале и до 25 сантиметри дожд

Најмалку шест лица загинале во поројните дождови коишто синоќа ги погоди сојузните држави Тексас и Оклахома. Денес во Тексас, но и во Мексико продолжуваат спасувачките напори по големото невреме во областа. Во Тексас, во тек е потрага по 12 лица. Тие биле во викендичка, однесена од излеаните води на реката Бланко.

Во делови на градот Хјустон паднале и до 25 сантиметри дожд. Голем број на граѓани ја минале ноќта затекнати во спортската сала по НБА плејоф-натпреварот меѓу Хјустон рокитс и Голден стејт вориорс, или пак во своите домови, чекајќи да спласнат надојдените води.

Од другата страна на границата, во Мексико, жителите го чистат Суидад Акуна, откако разорно торнадо минало низ градот и однело најмалку 13 човечки животи. Стотици домови се уништени.

Гувернерот на Тексас Грег Абот објави вонредна состојба во 37 општини. Невремето се протегна од Мексиканскиот Залив на југ, па се` до Големите Езера на север.

XS
SM
MD
LG