Линкови за пристапност

Мексико презема имиграциони мерки по договорот со Трамп


Претседателот Трамп рече дека на Мексико ќе му дозволи да ја презентира веста

Мексико денеска треба да распореди трупи на Националната гарда на јужната граница со Гватемала како дел од договорот да се намали бројот на лица кои минуваат низ Мексико во надеж да влезат во САД.

Секретарот за надворешни работи на Мексико Марчело Ебрард на новинарите им кажа дека 6.000 трупи ќе бидат распоредени на границата и на други места во државата почнувајќи во среда, но не прецизираше колку ќе трае распоредувањето.

Ебрард го прочита документот што го испратил до мексиканскиот сенат каде се објаснети преговорите од кои произлезе минатонеделниот договор, во кој исто така е вклучена програма за враќање на мигранти во Мексико додека во САД се разледуваат нивните барања за азил.

Во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп на тревникот во Белата Куќа држеше парче хартија велејќи дека тоа е новиот договор со Мексико за имиграција но не кажа што точно содржи тој договор. Тој рече дека „овој пат ќе му дозволи на Мексико да ги соопшти деталите“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG