Линкови за пристапност

Најмалку 225 загинати во земјотресот во Мексико


Армијата и полицијата и натаму трагаат по евентуални преживеани

Спасувачките екипи го пребаруваат Мексико Сити и соседните области, во надеж дека ќе пронајдат преживеани лица по земјотресот со јачина од 7,1 степени во кој загинаа најмалку 225 лица, а беше причинета и огромна материјална штета.

Мексиканскиот министерот за внатрешни работи Мигуел Осорио Чонг, изјави дека армијата и полицијата ќе продолжат да работат, се` додека постојат можности за пронаоѓање на преживеани.

Во спасувачките напори се вклучија и цивили користејќи тешка механизација и голи раце.

Директорот на Агенцијата за цивилна заштита на Мексико, Луис Фелипе Пуенте, на Твитер напиша дека во Мексико Сити се пријавени 86 смртни случаи, 71 лице загинале во државата Морелос, 43 во државата Пуебла, 12 во Мексико, четири во државата Гуереро, а едно лице го загубило животот во Оаксака. Тој ја ревидираше претходната бројка на вкупно 248 жртви.

Епицентарот на земјотресот беше во Пуебла, 123 километри јужно од Мексико Сити.

Локалните медиуми известуваат и за прекин на електричната енергија и пожари низ градот, една од најнаселените урбани области во светот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се наоѓа во Њујорк, испрати порака со поддршка за Мексико.

Пред точно 32 години, во земјотресот со јачина од 8,0 степени во и околу Мексико Сити, загинаа речиси 10.000 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG