Официјалните лица на Мексико соопштија дека бројот на жртви во земјотресот досега изнесува 286 лица, но, нагласуваат дека бројката се очекува да расте.
Спасувачките тимови во централниот дел на Мексико ги пребаруваат урнатините од вторникот, со надеж да најдат преживеани.
Претседателот Енрике Пена Нието прогласи три дена национална жалост.
Тој ги пофали Мексиканците за брзото реагирање по земјотресот, велејќи дека спасувањето животи и укажување лекарска помош, и натаму остануваат главни приоритети.
„Сакам да им се заблагодарам на волонтерите, кои безусловно им помагаат на погодените“, рече претседателот, додавајќи дека Мексиканците покажале голема цврстина и солидарност, во спасувачките напори на илјадници луѓе.
Facebook Forum