Линкови за пристапност

Мексико се` уште трага по преживеани во земјотресот


Во потрагата се вклучија и граѓани, кои заедно со спасувачите, се обидуваат да најдат заглавени лица во урнатите градби

Додека Мексико тагува по 225-те жртви во силниот земјотрес, спасувачките екипи продолжуваат да трагаат низ урнатините во Мексико Сити и околината, со надеж да најдат преживеани.

Во потрагата се вклучија и граѓани, кои заедно со спасувачите, се обидуваат да најдат заглавени лица во урнатите градби.

„Се` уште има луѓе таму, се слуша како липаат“, велат спасувачките волонтери.

Министерот за внатрешни работи вели дека спасувачките активности ќе продолжат, се додека не се истрошат сите можности за пронаоѓање на преживеани.

Десетици спасувачи се наоѓаат на урнатините од училиште во главниот град, кое целосно се сруши во земјотресот, убивајќи 25 лица. Надлежните велат дека фалат околу 30 лица.

Земјотресот се случи на помалку од две недели, откако друг земјотрес уби повеќе од 90 луѓе во јужниот дел на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG