Линкови за пристапност

Уапсен полицаец од подземната железница во Вашингтон


Обвинет е за обид да обезбеди финансиска помош за Исламската држава.

Триесет и шест годишниот Николас Јанг со 13-годишно искуство во метрото, во средата беше изведен пред суд во Александрија, сојузната држава Вирџинија. Обвинет е дека давал картички во вредност од 250 долари и тоа на лице кое всушност било агент на Федералното истражно биро. Осомничениот е првиот американски полицаец кој се соочува со терористички обвиненија.

Доколку биде прогласен за виновен, Јанг можно е да добие 20-годишна казна затвор.

XS
SM
MD
LG