Линкови за пристапност

Методи Хаџи-Јанев: Ситуацијата на Косово може да ескалира, но би била погубна и за двете страни и за регионот


Ситуацијата, ако продолжи како што е сега, има шанси да ескалира и тоа значително, вели Методи Хаи Јанев, универзитетски професор за науки по безбедност
Ситуацијата, ако продолжи како што е сега, има шанси да ескалира и тоа значително, вели Методи Хаи Јанев, универзитетски професор за науки по безбедност

На двете страни им е јасно дека каква било ескалација е погубна за нив. Ваквите искри можат да се одразат врз целиот регион и имаат потенцијал за каскаден ефект кој ќе нè врати години назад

На двете страни им е јасно дека каква било ескалација е погубна за нив. За Србија тоа значи дека (Александар) Вучиќ ќе го загуби комодитетот што сега го ужива. Од друга страна, Косово знае дека има воено супериорен противник со кој не може да се споредува. Но, Косово знае и за аномалиите коишто ги имаат во нивното управување.

Тоа во кус разговор за Гласот на Америка го истакнува универзитетскиот професор и доктор по науки за безбедност, Методи Хаџи-Јанев за тензиите што се случуваат на северниот дел од Косово.

„Ситуацијата, ако продолжи како што е сега, има шанси да ескалира и тоа значително, додава Хаџи-Јанев.

Не само врз нашата земја. Тоа може да се одрази врз целиот регион. Тоа може да се одрази врз Хрватска, дефинитивно во Босна, кај нас

На прашањето „Дали таквата ситуација би се одразила на некој начин и врз нашата земја?, Хаџи-Јанев вели:

„Не само врз нашата земја. Тоа може да се одрази врз целиот регион. Тоа може да се одрази врз Хрватска, дефинитивно во Босна, кај нас“.

Професорот укажува дека се јавуваат политички струи кои бараат земјава да заземе страна.

„И сега кај нас има политичари коишто агитираат да се заземе одреден став. Тоа не значи дека тоа е лошо или добро. Не е суд, туку е само информација којашто укажува дека веќе имате политичари што заземаат страни. Тоа ќе значи одразување и врз внатрешните односи, што е само предизвик во заземањето позиција или градењето на позицијата, вели професорот.

Сепак, како што посочува Хаџи-Јанев, македонската политичка позиција веќе во голема мера зависи и се усогласува со позициите на НАТО и ЕУ.

Ваквите искри имаат можност и потенцијал, кој не значи дека ќе се случи, но потенцијал за каскаден ефект коишто можат да нè вратат години назад

„Ние веќе го немаме комодитетот на тоа дека сме неутрална или независна земја. Сега сме дел од (НАТО) сојуз и тоа подразбира колективно да се идентификуваме со одлуките на таквите сојузи“, посочува Хаџи-Јанев.

Професорот воедно укажува и на подалекусежната опасност од тензичните состојби на Косово.

„Ваквите искри имаат можност и потенцијал, кој не значи дека ќе се случи, но потенцијал за каскаден ефект коишто можат да нè вратат години назад и да ни потрошат инвестиција во градење на мирот и едно демократско општество од едни добри 25-26 години“, категоричен е Хаџи-Јанев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG