Линкови за пристапност

Платформа за задоволување на политички суети?


Платформа за задоволување на политички суети?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Платформа за задоволување на политички суети?

Албанските партии презентираа документ за кој некои аналитичари велат дека има контрапродуктивен ефект

Дефокусирање од главната битка за враќање на демократијата и правната држава - така дел од политичките аналитичари ја толкуваат заедничката декларација со која ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците излегоа како основа и услов за нивно можно владино коалицирање.

За универзитетскиот професор и поранешен министер Љубомир Фрчкоски станува збор за колективистичка платформа. Тоа е концепт, вели тој, со контрапродуктивен ефект.

„Тематски е многу лошо поставен приоритетот во првите неколку точки, а тоа е етно-националистичката концепција околу прекројување на државата со албанските права, конститутивен народ, јазикот како официјале итн, што значи менување на Уставот и менување на Охридскиот договор. Таа тема не е тема на нашата криза ниту беа меѓуетничките односи причина за кризата. Како чадор декларацијата ја покри партизацијата на државата, криминалот... Има опасност платформата да го разруши граѓанскиот фронт меѓу Македонците и Албанците што се создаде против естаблишментот кој ја формираше оваа диктатура. Комплетно ја игнорира важноста на меѓународните реформи, иако само ги споменува, зашто опасноста да се подели граѓанската заедница меѓу Албанците и Македонците е сериозна поради овие теми“, вели професорот Љубомир Фрчковски.

Фрчкоски прашува зошто воопшто се наведени некои барања за кои, како што вели, е јасно дека се неизводливи зашто бараат двотретинско мнозинство во Собранието. Друг сериозен проблем, покрај отсуството на граѓански концепт, за поранешниот министер е и, како што го нарекува, обидот за пробивање на Охридскиот договор зад кој стои меѓународната заедница.

За политичкиот аналитичар Мерсел Биљали, пак, платформата може да е само план за нова криза.

„Не случајно се појавува една платформа со која изгледа дека ДУИ ги манипулира двете помали албански партии и потоа имаме изјава на лидерот на ДУИ кој вели, ако не биде прифатена платформата нема да коалицираме со никого, ќе одиме на нови избори, што навестува некаква сериозна политичка криза од која би профитирале двете структури, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Не е во прашање содржината на тој документ туку дали има кредибилитет г-динот Ахмети да ги води тие преговори и да нуди таква платформа зашто тој со години бил во власта“, вели Биљали.

И Фрчкоски и Биљали се согласуваат дека платформата наликува како да е правена повеќе да задоволи политички суети на некои лидери во албанскиот блок, но и дека е потег што му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG