Линкови за пристапност

За што ќе разговараат Трамп и Меркел?


Некои се загрижени за различните приоритети на двајцата лидери

Претседателот на САД, Доналд Трамп планира со германската канцеларка Ангела Меркел да разговара за нејзиното искуство во справувањето со рускиот претседател Владимир Путин, за време на нејзината посета на Белата куќа подоцна неделава.

Виш претставник од администрацијата изјави дека Трамп е „заинтересиран да го чуе мислењето на германската канцеларка Меркел“, во време кога тој се подготвува за справување со лидерот на Кремљ.

Критичарите од двете страни на Атлантикот беа загрижени заради наводната наивност на Трамп кога се работи за Путин, особено во однос на обидот на Кремљ да влијае на претседателските избори во САД кои се одржаа минатата година.

Но, четворица претставници на администрацијата кои имаа брифинг за новинарите пред состанокот, сега презакажан за 17-ти март, сугерираа дека претседателот сака да ги надмине јавно публикуваните разлики со германската лидерка и да формираат силни заеднички ставови по прашањата за трговијата, кибернетските активности на Кремљ и руската инвазија на Украина.

За време на претседателската кампањата, Трамп ја обвини Меркел дека ја „уништува Германија“ со политиката за прифаќање на голем број на бегалци.

Канцеларката, за која се знае дека имаше добар однос со поранешниот претседател Барак Обама, изрази несогласување со привремена забрана за патување на Трамп, велејќи дека „нема основа за генерално сомневање спрема постои оправдување за поставување на луѓе од одредено потекло или верување под општ сомнеж.“

Стивен Шабо, извршен директор на Трансатлантската академија и соработник во Германскиот Маршалов Фонд на САД вели дека Меркел доаѓа во Белата куќа загрижена дека Трамп „може да биде премногу мек кон Русија и дека тој ќе го поткопа режимот на санкции поставен по инвазија врз Украина.“

Во интервју за Гласот на Америка, тој рече дека „најлошото нешто за западната солидарност ќе биде ако главниот играч на запад, САД, ги олабават санкциите, без напредок во Украина.“

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер пред новинарите се обиде да ја намали загриженоста: „Сите обиди да се поткопаат санкциите кои беа воведени поради анексијата на Крим“ нема да биде дозволени, се` додека не се реши проблемот. Но, запрашан за стратегијата на претседателот, тој се огради од понатамошен коментар.

Како претседателски кандидат, Трамп се залагаше само за билатералните трговски договори, што доведе до шпекулации дека Трансатлантските договор можеби е мртов. Но, како знак на можен компромис, висок претставник на администрацијата кажа дека договорот може да се смета како билатерален, со оглед на структурата на ЕУ и како се поврзани европските економии.

XS
SM
MD
LG