Германската канцеларка Ангела Меркел пред 16-те германски гувернери истакна дека европскиот план за прифаќање на 120.000 мигранти преку квоти е знак на единство, но предупреди да се внимава на ситуацијата, бидејќи тоа е само прв чекор.
На средбата во Берлин, таа рече дека Европа е далеку од онаму каде би требало да биде околу справување со ситуацијата. Меркел додаде дека насилството во Сирија кое предизвика масовно раселување на бројни мигранти може да се реши само со помош на САД, Русија, и Блискиот исток.
Во средата, лидерите на ЕУ се договорија за издвојување 1,1 милијарда долари помош за меѓународните агенции кои им помагаат на бегалците во камповите во близина на нивните држави.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Таск по завршувањето на вонредниот самит во Брисел рече дека 28-те членки се согласиле за зголемување на помошта за државите како Либан, Јордан и Турција, кои прифатија милиони бегалци од Сирија.