Линкови за пристапност

Меркел во Вашингтон


Меркел во Вашингтон
Меркел во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон, каде двајцата лидери ќе разговараат за разликите во врска со економската политика и војната во Либија.

Претседателот Обама ја почести Меркел со помпа и церемонија на официјална посета вклучувајќи церемонија на добредојде со оркестар што ги отсвири химните на двете држави. Но посериозните прашања, за разликите на двете земји последните месеци, најверојатно ќе привлечат најмногу внимание.

Лидерите ќе дискутираат за операциите на НАТО во Либија, проект што Германија не го поддржува. Официјални лица кажаа дека Обама и Меркел најверојатно ќе ги зафатат и темите за глобална економија, должничката криза во Еврозоната, мировниот процес на Блискиот исток и Авганистан.

Зборувајќи на церемонијата во вторник, претседателот Обама Меркел ја нарече еден од „најблиските глобални партнери“.

Обама ќе и` додели на Меркел Медал на слободата на САД, највисока цивилна почест на државата, за време на формалната државничка вечера.

XS
SM
MD
LG