Линкови за пристапност

Мерцедесот на Хитлер на аукција


Редок луксузен автомобил од марката „Мерцедес“, кој го користел германскиот диктатор Адолф Хитлер, следниот месец ќе биде понуден на аукција во сојузната држава Аризона.

„Мерцедесот“ од 1939-та година, е еден од само четирите вакви модели некогаш направени.

Автомобилот којшто претходно имал неколку приватни сопственици, бил користен од Хитлер за време на победничката парада во Берлин по победата над Франција.

Според медиумите автомобилот би можел да се продаде дури за милион долари.

Аукционерите велат дека 10 проценти од продажната цена ќе биде донирана, а парите ќе се користат за едукација за Холокаустот и начините за ефикасно спречување на таквите ужасни настани во иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG