Чарлс Менсон, еден од најпознатите сериски убијци во американската историја почина вчера на 83 годишна возраст, по 45 години поминати во затвор.
Од Одделот за притвор и рехабилитација во Калифорнија соопштија дека Менсон починал од природна смрт во болница во округот Керн.
Менсон и шестмина негови соработници беа затворени во 1971 година, по седумте ужасни убиства во Лос Анџелес и околината, кои се случија за време на две ноќи во 1969-та година. Тројца негови следбеници подоцна беа осудени за злосторства поврзани со Менсон.
Најпознатата жртва на Менсон беше американската актерка, 26 годишната Шарон Тејт, која била осум и пол месеци бремена кога била убиена од страна на приврзаници на Менсон, во домот кој го делела со филмскиот режисер Роман Полански.
Менсон е роден во Синсинати, Охајо, во 1934 година. Целиот живот го поминал во и надвор од притвор за разни злосторства.
Facebook Forum