САД денес го одбележуваат празникот Денот на сеќавањето, во чест на загинатите војници.
Во време кога претседателот Доналд Трамп е во посета на Јапонија, потпретседателот Мајк Пенс положи венец пред Споменикот на незнајниот војник на Националните гробишта во Арлингтон, во близина на Вашингтон.
Трамп, го одбележа празникот обраќајќи им се на американските трупи во поморската база Јокосука во близина на Токио.
Пенс во говор на Националните гробишта во Арлингтон пред воените офицери и роднини на паднатите војници кажа дека САД „никогаш не можат целосно да го вратат“ долгот кон оние што ги дале своите животи за државата.
Се проценува дека во конфликтите во 243-годишната историја загинале околу 1.1 милион Американци, речиси половина милион загинале во 19-тиот век за време на Граѓанската војна во САД. Во најкрвавиот конфликт во странство, за време на Втората светска војна биле убиени околу 400.000 Американци.
Ширум САД се одржуваат паради и настани.
Илјадници мотоциклисти за последен пат се собраа викендов во Вашингтон на т.н. „Тркалачка грмотевица.“
Годишната традиција која се одржува на празникот на Денот на сеќавањето има за цел да го привлече внимание за повеќе од 83.000 американски војници ко се` уште се водат како исчезнати во акција почнувајќи од Првата светска војна па се до неодамнешните борби во Ирак и Авганистан. На листата се вклучени и 126 лица кои се водат за исчезнати во операциите поврзани со Студената војна.
Првата „Тркалачка грмотевица“ се одржа во 1988-та година.
Но, извршниот директор на „Тркалачката грмотевица“ Арти Мулер кажа дека ова е последна година кога настанот ќе се одржи во Вашингтон. Тој вели дека тие се фрустрирани од бирократијата на Пентагон во координирањето на настанот. Милер додава дека спонзорите, продавачите и другите не добиле пристап до паркинзите, иако платиле за тоа.
Претседателот Доналд Трамп кажа дека „Тркалачката грмотевица“ секогаш е добредојдена во градот.
Facebook Forum