Линкови за пристапност

Ден на сеќавање во САД


Американскиот претседател Барак Обама ќе им оддаде почит на загинатите во војна со дружење со ветераните и нивните семејства, додека заедниците во целата држава одржуваат свои, локални свечености.

Претседателот ќе го посети Споменикот на виетнамските ветерани, на Националните гобишта во Арлингтон, во близина на Вашингтон, каде војници ставија американски знаменца на речиси 260.000 гробови.

Првото одбележување од голем формат на овој ден, на почетокот наречен Ден за декорација, се случи на гробиштата во 1868, три години по крвавата граѓанска војна во која загинаа повеќе од 600.000 луѓе.

За многу Американци долгиот викенд е почеток на сезоната на летни одмори. Прославата инволвира пикници или патувања на плажа, паркови и кампирање.

Но, времето расипа многу празнични планови годинава. Заради грмежи беше прекинат концертот на Националното шеталиште во Вашингтон, во недела навечер, а тропско невреме истури големо количество дожд во југоисточната држава Флорида.
XS
SM
MD
LG