САД денес го одбележуваат Денот на сеќавањето на загинатите американски војници.
Неофицијално, овој ден означува и почеток на летото за многу Американци.
Денот на сеќавањето се одбележува на последниот понеделник во месец мај, во чест на сите кои загинале за време на воената служба во американската историја. Конгресот го утврди овој ден како федерален празник во 1971-та година.
За денес во Вашингтон се планирани бројни манифестации, како и низ целата држава.
Претседателот Доналд Трамп положи венец на Споменикот на незнајниот јунак на Националните гробишта во Арлингтон.
Во одбележувањето на празникот ќе се вклучат и моторциклисти, со традиционалниот настан „Тркалачка громотевица“, кога група ветерани возат низ Вашингтон, со цел да го свртат вниманието кон воените затвореници, како и кон лицата што исчезнале за време на воената служба.
Организацијата „Ветерани за мир“, пак, одржува неколку настани во Вашингтон, со цел да се спротивстави на, како што вели, срамниот предлог-буџет на претседателот Трамп, со кој се предвидуваат 54 билиони долари, зголемување на средствата за Пентагон.
Денот на сеќавањето почна да се празнува во 1865-та година, веднаш по завршувањето на Граѓанската војна, кога група поранешни робови ја одржаа првата комеморација во чест на жртвите во војната.
Facebook Forum