САД денес го слават Денот на сеќавањето на загинатите американски војници.
Продолжениот викенд се смета и за неофицијален почеток на летната сезона, па многумина викендов заминаа на плажа и во паркови
Официјално, овој ден се одбележува на последниот понеделник во мај, во чест на сите кои досега го дале животот за време на воена служба.
Во 1971-та година, Конгресот го прогласи овој Денот на сеќавањето за државен празник во САД.
За денеска се планирани бројни церемонии низ целата држава и во главниот град Вашингтон.
Претседателот Доналд Трамп положи венец на гробот на Незнајниот војник, на националните гробишта во Арлингтон.
Денот на сеќавањето беше утврден во 1865-та година, веднаш по завршување на Граѓанската војна, кога група поранешни робови ја одржаа првата комеморација на воените жртви.
Групата ги извади телата на преку 250 војници од масовна гробница во Чарлстон, Јужна Каролина, и соодветно ги погреба.
Повеќе од 50 години, овој ден беше во сеќавање само за жртвите во Граѓанската војна, а не во друг американски конфликт.
Со приклучувањето на Америка во Првата светска војна, традицијата продолжи со оддавање почит на убиените во сите војни.
Вчера, илијадници воени ветерани и други граѓани учествуваа во традиционалниот настан, познат како „Тркалачка громотевица“ (Rolling Thunder), со цел да им оддадат почит на исчезнатите американски војници, кои биле дел од војни во странство.
Учесниците на манифестацијата, чие мото е „Нема да заборавиме“, рекоа дека ова е обид за кревање на свеста и одговорноста за воените затвореници и исчезнати војници.
Ова е неработен ден за многу Американци, а затворени се и училиштата.
Facebook Forum