Линкови за пристапност

Американците им оддаваат почит на паднатите во војните


Американците им оддаваат почит на загинатите припадници на армијата во настани ширум земјата како дел од одбележувањето на Меморијалниот ден во САД.

Американците им оддаваат почит на загинатите припадници на армијата во настани ширум земјата како дел од одбележувањето на Меморијалниот ден во САД.

Потпретседателот Џо Бајден присуствуваше на церемонија на положување венец на Националните гробишта во Арлингтон, близу Вашингтон. Тој кажа дека Денот на сеќавањето е помешан со тага и голема гордост.

Бајден им оддаде почит на оние кои загинале во сегашните војни во Авганистан и Ирак, како и на оние кои загинале во претходни конфликти. Тој кажа дека семејствата на паднатите, заедно со сите Американци, треба да се гордеат со животот што припадниците на армијата го воделе, службата што ја вршеле и нацијата за која се бореле да ја спасат.

Претседателот Барак Обама учествуваше во церемонија на положување венец на Националните гробишта Абрахам Линколн јужно од Чикаго. Тој требаше да одржи говор на отворено, но настанот беше одложен заради големи врнежи и невреме.

Меморијалниот ден е национален празник за оддавање почит на Американци загинати додека вршеле армиска служба.

XS
SM
MD
LG