Линкови за пристапност

Меморијален ден во САД


Меморијален ден во САД
Меморијален ден во САД

Претседателот Барак Обама планира да им изрази почит на паднатите припадници на американскиот армиски персонал како дел од одбележувањето на Денот на сеќавањето во САД.

Претседателот Барак Обама планира да им изрази почит на паднатите припадници на американскиот армиски персонал како дел од одбележувањето на Денот на сеќавањето во САД.

Обама ќе се обрати на служба по повод Меморијалниот ден на Националните гробишта Абрахам Линколн во близина на Чикаго.

Меморијалниот ден е национален прзаник за оддавање почит на Американците убиени додека служеле во армијата. Паради, церемонии и други специјални настани ќе се одржат низ целата држава.

Во неделата, илјадници моторциклисти се собраа во Вашингтон за „Тркалачката грмотевица“ – годишен собир во чест на американските армиски ветерани.

Учесниците, од кои многумина армиски ветерани, ги возат моторциклите околу Националното шеталиште, за да го свртат вниманието кон случаите на исчезнати во акција од сите војни.

Во саботата, Обама ги повика Американците да им оддадат почит на паднатите ветерани со повеќе од зборови. Тој рече дека на припадниците на вооружените сили треба да им се обезбеди секаква поддршка, а воените ветерани треба да добијат соодветна грижа и помош.

Меморијалниот ден, што се одбележува на последниот понеделник во мај, се смета за почеток на летната сезона во САД. Како дополнение на почитта што се изразува спрема оние кои загинале за време на армиска служба, Американците го минуваат денот уживајќи во скара и други активности на отворено.

XS
SM
MD
LG