Претседателот во Њујорк им оддаде почит на жртвите од нападите на ал-Каида во 2001-ва. Неговата посета доаѓа неколку дена откако американските сили го убија лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен во Пакистан.
Обама, на кого му се приклучи поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани, зборуваше на средбата со лицата кои први одговараат на повици во пожарникарска станица која загуби 15 вработени во нападите. Тој исто така посети локална полициска станица, чии луѓе беа први на сцената на 11 септември.
Претседателот положи венец на местото на уништените згради на Светскиот трговски центар. Тој исто така приватно се сретна со роднини на жртвите од нападите пред речиси една деценија.
Потпретседателот Џо Бајден во четврток им оддаде почит на жртвите од 11 септември со положување венец на споменикот во Пентагон.