Првата дама на САД Меланија Трамп најави дека планира да ја унапреди програмата за деца „Биди најдобар“ една година откако првпат беше промовирана.
Новите чекори што таа сака да ги преземе ќе бидат фокусирани на користењето дрога и социјалните медиуми.
Меланија најави и втора меѓународна турнеја да ги промовира нејзините цели, но, не кажа каде точно ќе оди, нагласувајќи дека се` уште работи на деталите.
Првата дама вели дека проширувањето на програмата доаѓа откако имала многу разговори со родители, медицински лица, професори, лидери во сферите на технологијата и социјалните медиуми, како и многу други.
Преку кусо видео, таа, исто така, изјави дека многу деца и` пишале да ја изразат загриженоста за онлајн безбедноста, како и за употребата на дрога.
„Јас сум подготвена за целата работа што допрва треба да се заврши“, кажа таа во објавеното видео.
Меланија претходно има кажано дека на оваа тема разговарала и со нејзиниот син Барон, укажувајќи му за ризиците од зависноста.
Програмата ќе опфаќа деца на секоја возраст, и нема да се фокусира само на бебиња чии мајки се зависници.
Новината за социјалните медиуми, пак, ќе биде онлајн безбедност.
Меланија досега ја промовираше програмата во 15 американски сојузни држави и во девет други земји, како и за време на ланското патување во Африка.
Посети болници и училишта, учествувајќи на детски настани, 18 тркалезни маси и брифинзи, а се сретна и со преку 30 странски официјални лица.
„Мојата надеж е дека заедно можеме да бидеме најдобри при помагање на децата и нивните семејства, во наоѓање ефективни начини да ги едуцираме, како и да станеме дел од решението на многу проблеми“, рече првата дама.
Facebook Forum