Линкови за пристапност

Меланија Трамп ќе остане во болница до крајот на неделата


Успешен зафатот врз бубрегот, најавуваат лекарите

Првата дама Меланија Трамп се` уште се наоѓа на болничка нега откако синоќа и беше отстранет бениген дел од бубрегот.

Портпаролката на 48-годишната Трамп рече дека хируршката процедура била успешна, и минала без компликации. Најверојатно, Првата дама ќе остане во армиската болница Волтер Рид во близина на Вашингтон, до крајот на неделата.

Пред да ја посети сопругата, претседателот Трамп преку Твитер објави дека „Меланија се наоѓа во добра состојба и се заблагодари за желбите за нејзино брзо оправување“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG