Линкови за пристапност

Меланија во кампања „Биди најдобар“


Првата дама кажа дека насилство на социјалните мрежи е „деструктивно и штетно“

Меланија Трамп го осуди кибернетското насилство на социјалните медиуми. Таа зборуваше на настан посветен на нејзината кампања „Биди најдобар“:

„Во денешното глобално општество, социјалните медиуми се неизбежен дел од секојдневен живот на нашите деца. Тие може да се користат на многу позитивни начини, но исто така може да бидат деструктивни и штетни кога се користат погрешно. Ова е причината што кампањата „Биди најдобар“ избра да се фокусира на важноста на учењето на следната генерација, како да се однесува безбедно и позитивно во онлајн опкружувањето.“

Претседателот Доналд Трамп рутински ги напаѓа владините претставници кои ги гледа како непријатели, користејќи го Твитер. Еден од честите цели на неговите напади е специјалниот советник Роберт Мулер кој ја води истрагата за мешањето на Русија во кампањата на Трамп во 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG