Линкови за пристапност

Меланија донираше чаршафи и играчки во детска болница во Африка


Првата дама Меланија Трамп продолжува со еднонеделната посета на Африка.

Кратко по нејзиното пристигнување во главниот град на Гана, Акра таа посети болница и донираше чаршафи и играчки на новороденчињата и родилките.

Меланија ја користи нејзината прва посета на Гана, Малави, Кенија и Египет за да ја промовира нејзината иницијатива „Биди најдобар“ која се фокусира на подобрување на условите на децата. Нејзиното добротворно патување се случува на само неколку месеци откако Доналд Трамп употреби вулгарен термин за континентот, по што уследи жестока критика од јавноста заради наводен расизам од страна на претседателот.

„Мислам дека патувањето на првата дама ќе покаже дека Американците, американската политика и администрацијата се повеќекратни и повеќе од само две или три пораки на Твитер“ изјави за Гласот на Америка Џон Кембел од Советот за надворешни врски.

Администрацијата на Трамп повика на значително намалување на програмите за хуманитарна помош за Африка. Сепак ваквите барања беа блокирани од страна на Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG