Линкови за пристапност

Мексико ги стави „на пауза“ односите со амбасадите на САД и Канада поради критиките за судството


Знамиња на САД, Канада и Мексико
Знамиња на САД, Канада и Мексико

МЕКСИКО СИТИ (АП) - Мексиканскиот претседател денеска изјави за новинарите дека ги ставил односите со амбасадите на САД и Канада „на пауза“ откако двете земји изразија загриженост за предложената контроверзна судска ревизија.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор не објасни што би значело пауза. Тоа не е термин што се користи во формалните дипломатски кодови, а Министерството за надворешни работи на Мексико не одговори на барањето на Асошиејтед прес за коментар за тоа што ќе значи.

Мексиканск претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор
Мексиканск претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор

Предлогот за исправки во судството, предложен од мексиканскиот претседател за време на неговите последни недели на функцијата, поттикна големи протести и штрајкови и широки критики од инвеститорите и финансиските институции.

Минатата недела, американскиот амбасадор Кен Салазар го нарече предлогот „ризик“ за демократијата што ќе ги загрози комерцијалните односи на Мексико со САД. Лопез Обрадор го критикуваше амбасадорот, велејќи дека го нарушил мексиканскиот суверенитет.

Знамиња на САД и Мексико
Знамиња на САД и Мексико

Лопез Обрадор за време на утринскиот брифинг со новинарите во вторникот рече дека верува оти острите коментари не се од Салазар, туку од американскиот Стејт департмент.

Лопез Обрадор, исто така, ја обвини Канада за мешање во внатрешно прашање поради изразување стравување за предлогот. Трите земји споделуваат клучна комерцијална врска која достигна околу 1,8 трилиони долари во трговијата во 2022 година. Досега, тензиите не покажуваат јасни знаци за тоа како тие можат да влијаат на долгогодишните економски и дипломатски односи меѓу нив.

Амбасадор на САД во Мексико Кен Салазар
Амбасадор на САД во Мексико Кен Салазар

Сепак, последните коментари насочени кон американскиот амбасадор доаѓаат во време на засилени тензии меѓу двете влади во последните месеци, откако САД го уапсија мексиканскиот нарко бос „Ел Мајо“ Замбада. Како што се откриваат повеќе информации за случајот, Лопез Обрадор добива сè повоинствен тон, вели Карлос Перез Рикарт, политички аналитичар во Мексиканскиот Центар за економски истражувања и настава.

„Во други околности, во друг контекст, тој можеби само слушаше, а не го ескалираше конфликтот“, вели Перез Рикарт. „Во изминатите месеци видовме многу порадикални изјави насочени кон САД.

Новоизбрана мексиканска претседателка - Клаудија Шеинбаум
Новоизбрана мексиканска претседателка - Клаудија Шеинбаум

Лопез Обрадор треба да ја предаде диригентската палка на својот политички сојузник и новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум, која ја презема функцијата на 1 октомври. Перез Рикарт рече дека иако неодамнешните тензии може да ја оптоварат првата жена претседател на Мексико, тоа исто така може да и помогне да се издвои како повеќе умерен шеф на државата.

XS
SM
MD
LG