Лопез Обрадор изјави дека ќе го објави резултатот од неговиот тест во вторник и дека ќе биде тестиран повторно по пристигнувањето во САД доколку тоа е дел од протоколот.
Белата Куќа соопшти дека двајцата лидери ќе го поздрават историскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада кој стапи во сила на 1 јули.
Мексиканскиот лидер изјави дека неговата посета на Вашингтон е значајна бидејќи договорот има за цел да креира работни места во Северна Америка во време кога пандемијата имаше негативно влијание на многу светски економии.
Некои политички аналитичари побараа од Лопез Обрадор да ја одбие поканата од Белата Куќа цитирајќи ги изјавите на Трамп дека некои Мексиканци се криминалци за време на неговата кампања во 2016-та, како и промоцијата на изградба на ѕид на границата.
Канадскиот премиер Џастин Трудо ја одби поканата од Белата Куќа, но Лопез Обрадор вели дека Трудо се согласил да го посети во Мексико.