Линкови за пристапност

Мекејн ја презеде функцијата на светската програма за храна


Синди Мекејн денеска ја презеде функцијата нов шеф на Светската програма за храна.

Таа во изјавата рече дека нејзините приоритети за агенцијата на ОН се зголемување на нејзините ресурси, подобрување на нејзината ефикасност и зголемување на партнерствата и иновациите.

Мекејн го започнува својот мандат во време кога проценките на Светската програма за храна се дека повеќе од 345 милиони луѓе се соочуваат со криза околу храната во светот.

„Потребна ни е уште поблиска соработка со нашите партнери за да ја смениме оваа неспоредлива криза“, рече Мекејн. „Денес бараме нови пријатели особено од приватниот сектор да се засилат и да ни се придружат. Светот не смее да им сврти грб на гладните“.

Мекејн уште од 2021 година е американска амбасадорка во три агенции на ОН за храна и земјоделство во Рим. Таа е вдовица на поранешниот американски сенатор Џон Мекејн.

XS
SM
MD
LG