Рафи и Двора Меитив сакаат да си играат во околниот парк, а потоа да се вратат дома, без придружба.
А, тоа е проблем, вели локалната агенција за социјална грижа. Рафи има 10, а неговата сестра шест години.
Нивните родители ја почитуваат нивната независност и претпочитаат слободен стил на одгледување на децата.
„Идејата на концептот се сведува на тоа што на вашите деца им треба слобода да истражуваат. Треба да бидат сами, без присуство на родители, едноставно да се забавуваат како деца и со други деца околу“, изјави мајката на Рафи и Двора, Даниел. „Кога децата ќе научат како самостојно да ги вршат работите, тогаш учат да станат независни, да ги решаваат сопствените проблеми“, додава таа.
Но неодамна, додека истите деца се враќале дома од вообичаеното време минато во паркот, биле сопрени од полицајци кои потоа им обезбедиле превоз.
Кога дошле дома, нивниот татко Александар, имал што да чуе.
„Мислев ќе ни ги дадат децата, тие се мои деца, во моја куќа, но ми беше кажано дека треба да следи одредена процедура, ми ја побараа личната карта“, рече тој. „Воедно, полицијата не ми ни дозволи физички да им се приближам на децата“
Рафи потоа и` се јавил на мајка му, која била на службен пат, плашејќи дека таткото ќе биде уапсен.
Тоа не се случило, но неколку часа подоцна, во домот на Меитиеви дошла истражителка од Службата за заштита на децата и понудила безбедносен план, што во случајот таткото морал да го потпише, а се однесувал на тоа дека децата не смее да се остават без придружба.
„Откако одбив да го сторам тоа, ми беше кажано дека децата не можат да останат со мене и истражителката се јави на полиција“, изјави Меитив.
Службата за заштита на децата отворила истрага за случајот, согласно законот во сојузната држава Мериленд што налага дека е нелегално дете помало од осум години, да се остави со друго лице, под 13-годишна возраст.
Даниел Меитив вели дека законот во овој случај не важи:
„Се вели дека децата не можат да се остават без придружба доколку се затворени во зграда, дом или возило“, изјави мајката. „Тие не беа никаде затворани, беа надвор и си играа во парк или пешачеа кон дома“.
Инцидентот резултираше овие родители да бидат лути, а децата трауматизирани.
Холи Шифрин е професорка по психологија на Универзитетот Мери Вашингтон во Вирџинија. Таа верува дека екстремна форма на родителствување не е здрава.
Во меѓувреме, Меитиеви не се обвинети за небрежност. Се очекува да го добијат резултатот од истрагата кон крајот на месецов. Службата за заштита на децата не може да коментира за случајот заради законот на Мериленд за приватност. До тогаш, Рафи и Двора продолжуваат да си играат во истиот парк и се враќаат дома сами.