Линкови за пристапност

Меѓународно трио прогласени за добитници на Нобеловата награда за физика за 2023 година


Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л'Хуилје ги наведоа нивните индивидуални напори во проучувањето на движењето на електроните
Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л'Хуилје ги наведоа нивните индивидуални напори во проучувањето на движењето на електроните

Тројца нуклеарни научници беа прогласени за добитници на Нобеловата награда за физика за 2023 година во вторникот во шведскиот главен град Стокхолм.

Кралската шведска академија на науките ги цитираше Пјер Агостини, Ференц Краус и Ана Л’Хуилје за нивните експерименти во „истражување на светот на електроните во атомите и молекулите“.

Академијата соопшти дека триото „демонстрирале начин да се создадат екстремно кратки импулси на светлина што може да се користат за мерење на брзите процеси во кои електроните се движат или менуваат енергија“.

Агостини, кој докторирал во Франција, е почесен професор по физика на Државниот универзитет во Охајо со седиште во САД, додека Унгарецот Крауш е поврзан со Институтот за квантна оптика Макс Планк во Германија, додека пак Французинката Л’Хуилје предава во шведскиот Лунд Универзитет.

Агостини, Краус и Л’Хуилје ќе ја поделат наградата од 1 милион долари парична награда. Л’Хуилје е петтата жена што ја добила Нобеловата награда за физика.

Нобеловите најави започнаа во понеделникот со наградата за медицина што ја добија Унгарката Каталин Карико и Дру Вајсман од Соединетите Држави за нивното заедничко истражување што доведе до брз развој на вакцините мРНА Ковид.

Нобеловците за хемија, литература, мир ќе бидат објавени од среда до петок, додека за економија следниот понеделник.

Сите категории освен економијата се востановени во тестаментот на шведскиот бизнисмен од 19 век, Алфред Нобел, кој заработил богатство со својот изум на динамит. Првите Нобелови награди беа доделени во 1901 година, пет години по неговата смрт.

Наградата за економија беше воспоставена во 1968 година од страна на шведската централна банка Сверигес Риксбанк во спомен на Нобел, а првите лауреати, Норвежанецот Рагнар Фриш и Јан Тинберген од Холандија, беа објавени следната година.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенција Франс прес.

XS
SM
MD
LG