Линкови за пристапност

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот ексминистер за одбрана Шојгу


Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го напуштаат Црвениот плоштад по воената парада на Денот на победата во Москва, Русија, 9 мај 2024 година
Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го напуштаат Црвениот плоштад по воената парада на Денот на победата во Москва, Русија, 9 мај 2024 година

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската војска, генерал Валериј Герасимов.

МКС соопшти дека има „разумни основи да се верува дека двајцата осомничени имаат одговорност за ракетните напади извршени од руските вооружени сили врз украинската електрична инфраструктура“ помеѓу октомври 2022 и март 2023 година.

Во соопштението на МКС се вели дека Шојгу и Герасимов наводно се одговорни за насочување напади врз цивилни цели и предизвикување прекумерна штета на цивилите, од кои и двете се воени злосторства.

Рускиот претседател Владимир Путин го смени Шојгу на функцијата шеф на одбраната во мај, како дел од промената на кабинетот, како што Путин го започна новиот претседателски мандат.

Руските власти во понеделникот соопштија дека Украина употребила 30 беспилотни летала во ноќните напади врз две области во близина на границата меѓу двете земји.

Руското министерство за одбрана соопшти дека соборило 29 беспилотни летала над регионот Белгород и уште еден над Воронеж.

Вјачеслав Гладков, регионалниот гувернер на Белгород, рече дека паѓањето на остатоци од соборените беспилотни летала повредило неколку луѓе и оштети згради.

Белгород е честа мета на украинските воздушни напади, локација веднаш преку границата и во близина на украинскиот регион Харков, каде што руските сили зајакнаа во офанзивата во последниве месеци.

Дел од информациите во текстот се од Ројтерс

XS
SM
MD
LG