Написот што во весникот беше објавен во среда е заснован на првото интервју за публикација откако е уапсен.
Медоф кажа дека соработувал со тимот правници во обид да се надоместат фондовите за оние кои изгубиле пари со неговата измама за која Медоф служи казна затвор од 150 години.
Но Медоф исто така е цитиран како рекол дека банките и инвеститорските фондови што тој ги патронизирал биле соучесници на еден или друг начин со тоа што не поставувале прашања во врска со неговата инвеститорска активност.
Медоф исто така рече дека затворските власти не му дозволиле да присуствува на погребот на неговиот син во декември, откако Марк Медоф извршил самоубиство додека бил под истрага за учество во измамата на неговиот татко. Постариот Медоф кажа дека одлуката е донесена заради „прашање на јавна безбедност“.
Авторот на статијата за Медоф во Њујорк Тајмс е автор и на книга за скандалот Медоф кого го интервјуирал преку имеил и лично.