Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за медицина


Тројца Американци добија признание за истражување на биоритамот

Нобеловата награда за медицина гоиднава им беше доделена на тројца американски научници.

Џефри Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл Јанг беа наградени за нивното откритие на молекуларните механизми кои го контролираат циркадијалниот ритам.

„Користејќи овошни мушички како модел организми, овогодинешните добитници на Нобеловата награда изолирале ген кој го контролира нормалниот дневен биолошки ритам,“ соопштија од Комитетот за доделување на наградата. „Тие покажаа дека овој ген кодира протеин што се акумулира во клетката ноќе, а се деградира во текот на денот“.

Циркадијалните ритми ја прилагодуваат физиологија во различни фази од денот, влијаејќи врз спиењето, однесувањето, нивото на хормони, температурата на телото и метаболизмот.

Наградата за физиологија или медицина е првата Нобелова награда која се доделува секоја година.

Наградите за физика, хемија, литература и мир ќе бидат објавени од вторник до петок, а наградата за економија во понеделник, 9-ти октомври.

Наградата доаѓа со 1,1 милион долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG