Линкови за пристапност

ЗНМ: Намален бројот на напади на новинари, но, цензурата останува


Намален бројот на напади на новинари, но цензурата останува
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Најголемото и најстаро новинарско здружение во државата ја критикува актуелната власт дека ги заборавила медиумските реформи кои беа најавувани како едни од клучните

Во 2018-а немало сериозни промени во медиумската сфера во Македонија, се нотира во годишниот извештај на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), кој се темели на три индикатори - правната рамка за слобода на медиумите, позицијата на новинарите во редакциите и нивната безбедност.

Најголемото и најстаро новинарско здружение во државата ја критикува актуелната власт дека ги заборавила медиумските реформи кои беа најавувани како едни од клучните.

„Владата не успеа да ја подобри медиумската регулатива која подолго време беше најавувана. Измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои требаше да создадат подобар амбиент за работа на медиумите, не е усвоен во Собрание. Во 2018та година, не само што немаше подобрување на законската медиумска легислатива, напротив имаше дури и одредено назадување. Во текот на летните одмори, без никаква дебата и целосно нетранспарентно, Владата ги усвоила измените и дополнувањата на Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии. Овие измени им овозможуваат на парламентарните партии да трошат јавни пари за финансирање на медиумската политичка пропаганда за време на изборна кампања и референдуми“, вели Драган Секуловски, директор на ЗНМ.

Здружението забележува и дека Владата не успеала да ги заврши останатите медиумски закони предвидени со реформскиот план 3-6-9, како што се измените и дополнувања на Законот за клевета, и измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Сепак, 2018-та донела и позитивни елементи за новинарската заедница.

„Позитивна работа е што годинава има подобрување на безбедноста на новинарите. Бројот на напади е намален за три пати, а донесени се и првите судски пресуди против оние што напаѓаа новинари во минатото“, рече Секуловски.

Но, од друга страна во извештајот се нотира дека нема подобрување во делот на на позицијата на новинарите во редакциите, професионалната етика и нивото на цензура.

Според истражувањето на ЗНМ, во Македонија речиси половина од новинарите имаат помала плата од државниот просек од 400 евра, повеќето новинари немаат договори за вработување на неопределено време, а 19 отсто се привремено ангажирани како хонорарни работници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG